Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Адеми да каже дали обвинувањта за притисоци се нејзин став или на судиите, побара Николовски кој најави како ќе го испита ова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
besa-ademi-nikolovski-sudski

Ивица Николовски, член на Судски совет бара појаснување од претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, дали обвинувањата за политички притисоци се нејзин став или тоа се поплаки односно изјави од судиите. Тој посочува дека ако не остварат средба, ќе се продолжи на друг начин односно разговор со другите судии на Врховен.

— реклама —

„Заземен е став дека ние ќе го испитаме до крај ова прашање, за да видиме дали тоа се лични ставови на претседателот на Врховен суд или се споделени ставови и мислења на судиите од Врховен суд, кои претседателот во нивно име ги пренесува. Тоа значи дека дали ние ќе одиме на посета во Врховен суд или ќе бидат повикани колегите тука – дополнително ќе ја одлучиме формата“, вели Ивица Николовски, член на Судски совет.

— реклама —

Тој посочува дека тие не треба да дојдат во Судски совет на информативен разговор, туку на разговор за да им се понуди помош.

Претходно, Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет не го смета за правилен чекорот на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која не дојде на работниот состанок. Смета дека членовите ќе ја заштителе. Нагласи дека биле подготвени за разговор. Проблемот ќе се решавал со дискусии и прашања.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2023-11-06-at-14.25.03

Беса Адеми доби охрабрување да отиде до Судски совет за политичките влијанија: Бевме спремни за разговор

Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет не го смета за правилен чекорот на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која не дојде на работниот состанок. Смета дека членовите ќе ја заштителе. Нагласи дека биле подготвени за разговор. Проблемот ќе се решавал со дискусии и прашања.„Согласно надлежностите, утврдено е дека Советот ја гарантира независноста на судската власт. По повод изјавите на претседателката на Врховниот суд, сметавме дека нужно треба да ја поканиме на работен состанок,

Македонија | пред 3 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања