„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Адеми: Не можам да поддржам намалување на платите во образованието, треба да ги мотивираме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ademi

Mинистерот за образование и наука, Арбер Адеми во дебатниот магазин „EU click“ на ТВ21 истакна дека образовниот систем бил критикуван поради тоа што не бил дигитализиран.

— реклама —

„Веќе неколку години по ред образовниот систем беше критикуван зошто не се дигитализира, зошто наставниот процес не се одвива онлајн, итн. И во сета ова несреќа ние се обидовме и се обидуваме да ја искористиме како можност и да го дигитализираме образованието но и да поставиме здрава основа за развој на наставата од дистанца, односно од дома. Обезбедивме законска основа при што беа усвоени одредби со законска сила, 3 одредби, за основното, средното и високото образование, со што и правно се овозможи и во овие вонредни околности задолжително да има онлајн настава“, посочи Адеми.

— реклама —

„Нашите препораки беа наставниците да бидат креативни, да го дадат својот максимум во видео наставата и во одредени линкови со одреден профил, особено во средното стручно образование, можеби не е реална компензација со тоа што го реализираат самите ученици во практичната настава, но добро е на овој начин да се организираат, да го дадат својот максимум“, истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми во „EU click“ на ТВ21.

Тоj додаде дека не може да ја поддржи одлуката за намалување на платите во јавниот сектор.

„Навистина не можам тоа да го поддржам бидејќи ние треба да ги  мотивираме наставниците, на професорите им се дава дополнителен ангажман, во вакви околности тие се ангажирани дополнително, само за да пренесат знаење на учениците, и доколку им се намалат платите, на ниво на минимална плата, секако дека тоа не допринесува за нивна мотивација“, вели тој.

извор: ТВ 21

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања