Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Адеми нуди оставка ама не дава, Министерството за култура вработува по етничка основа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
asaf-ademi-696x385-1-696x385

Министерот за култура Асаф Адеми во Берлин каде е во работна посета, изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата. Најави и разгледување на сите одбиени апликации.

– За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема проблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене – вели Адеми.

— реклама —

Тој посочи дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дкеа нема да постапува под притисок на јавноста.

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор на Националната стратегија за култура, Златко Теодосиевски. Оваа кадровска политика, која ќе овозможи напредок во кариерата и повисоки плати за некои службеници, ќе го чини буџетот дополнителни 1.283.220 денари или нивните плати се зголемени во просек за 23,87 отсто.

— реклама —

Од Министерството за култура тврдат дека оваа постапка треба да им овозможи на службениците да напредуваат во кариерата и дека тие 10 години стагнирале. Евидентно е дека сите што на крајот од годината добиле решенија за унапредување на интерниот оглас на ресорното Министерство се етнички Албанци.

Не станува збор за етнизирање, велат од Министерството, а според нив, сите што добиле унапредување ги исполнуваат критериумите и не е правена поделба по никаква етничка основа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања