Адидас претстави нова летна верзија на својот популарен модел „Самба“, кој овојпат доаѓа во форма на влечки.
Новиот модел „Самба Мјул“ е дел од трендот на отворени и удобни обувки за топлите денови, а ќе биде достапен во три бои: „скршено бела/кафеава“, „беж“ и „темносина“.
Посветлите модели имаат мрежест материјал за подобра проветреност, додека темносината верзија е поблиску до класичната „Самба“, со детали од мазна и превртена кожа.
Сите модели го задржуваат препознатливиот гумен ѓон и трите линии по кои „Самба“ е позната.
Според Hypebeast, официјалниот датум на продажба сè уште не е објавен, но се очекува моделот наскоро да се појави во продавниците.