Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Адио Ковачевски, никогаш повторно, Талат Џафери човекот што ќе го изгаси светлото на владата СДС и ДУИ, се свири крај, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
talat-dzaferi-kovacevski

„Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Ковачевски донесе понижувања. 600.000 сиромашни граѓани кои живеат со по 150 денари на ден. Неред отсликан во постојани пукања, убиства и кражби кои останаа неразјаснети.

— реклама —

Со Ковачевски во 21 век учениците чекаа учебници во декември, наместо во септември, а болните со месеци, а некои и со години чекаат терапија.

— реклама —

Еден километар автопат не е направен, ниту еден инфраструктурен проект почнат. Ковачевски ќе остане запаметен како целосно неспособен.

— реклама —

Со Ковачевски и екипата околу него Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ, довербата во судството е 2%, а партизацијата метастаза.

Талат Џафери човекот што ќе го изгаси светлото на владата СДС и ДУИ, е дел од системот кој му овозможи на Ковачевски и на сите околу нив да ја уништуваат државата.

Џафери има бројни законски кршења, како и кршења на Устав, тоа се работи на кои тој ќе биде потсетен откако ќе се ослободи обвинителството и судството.

Се свири крај за СДС и ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања