Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Администрацијата на Општина Кисела Вода неработниот 7 мај го одработи со голема еколошка акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG-2f0cc9c5200de70983f0fdf4d392c16a-V

Согласно Владината одлука за одработување на 7 мај поради посетата на Папата Франциск на нашата држава, денеска администрацијата на Општина Кисела Вода спроведе голема еколошка акција на територијата на локалната самоуправа.

— реклама —

Во сите месни и урбани заедници се чистеа парковите, тревните површини, тротоарите и омилените игралишта на најмладите.

— реклама —

Покрај ова, сезонските работници на општината ги скастрија сувите гранки на дрвјата и ги искосија тревните површини покрај трим патеката од игралиштето Вембли до бул. Србија, во должина од околу 2,5 километри. Во исто време од страна на администрацијата се расчистуваа и отпадоците по целата должина на истата патека.

Општината предводена од градоначалникот Филип Темелковски и во иднина ќе продолжи со активности кои ќе придонесат за зачувување на животната средина и чиста Кисела Вода.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања