Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Правник алармира: МВР праќа опомени со туѓи лични податоци – ризик по безбедноста на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Арбен Мемети, правник во „Цукиќ-Марков“ алармираше за пропуст во функционирањето на Системот „Безбеден град“. До него, како што вели, се јавиле повеќе граѓани кои добиле СМС пораки и електронски опомени за сообраќајни прекршоци – но со туѓи лични податоци.

Во пораките што ги примиле граѓаните биле наведени целосни податоци на сосема други лица: име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта и детали за возилото. Според Мемети, тоа претставува директно прекршување на Законот за заштита на личните податоци.

— реклама —

„Ова не е само техничка грешка, туку системски ризик кој ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните. МВР со ваквата неажурност ги прекршува законските обврски и ја поткопува довербата во системот,“ предупредува адвокатот.

Мемети потсетува дека грешките во испраќањето на опомените отвораат сериозни прашања:
– како ќе се гарантира дека казните ќе стигнат до вистинскиот сторител?
– дали граѓаните ќе се соочат со неоправдани правни последици за прекршоци што не ги сториле?

— реклама —

Според него, јавноста со право чувствува недоверба ако системот веќе испраќа чувствителни податоци на погрешни адреси.

— реклама —

„Ако денес стигнуваат туѓи податоци, како да веруваме дека утре нема да стигнат и туѓи казни?“, прашува Мемети.

Дополнителен проблем е тоа што МВР нема прецизен механизам за собирање и ажурирање на телефонски броеви и електронски адреси. Често, при регистрација на возило, службениците воопшто не ги бараат овие информации, што доведува до погрешно доставување опомени и создавање дополнителни забуни.

Адвокатот бара:
– итна проверка на системот за испраќање опомени,
– утврдување на причините за пропустите,
– корекција на неажурните и погрешни бази на податоци,
– воспоставување безбедни процедури за обработка на лични податоци, согласно законот.

„Граѓаните имаат право на точни, сигурни и безбедни информации. МВР има обврска тоа да го гарантира – без компромиси,“ порача Мемети.

media-libraryb6hbik67jpbv2ImmyVZ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Изгубила контрола над автомобилот и се превртела, 21-годишна скопјанка тешко повредена

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Мопедист тешко повреден во судир со автомобил во Скопје

Македонија | пред 15 часа

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Шестгодишно дете кое било сопатник на електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Македонија | пред 15 часа

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

72-годишен мопедист тешко повреден во сообраќајка во Кочани, возел мопед без право на управување

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања