„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Адвокат одби да ги брани насилниците од Штип, вели Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
advokat

Пријатели на семејствата на момчињата од Штип кои нападнаа  девојка по што беа лишени од слобода откако се појави видео, го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.  Тој своето мислење за овој случај го напиша на социјлната мрежа фејсбук.

— реклама —

-Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.

— реклама —

Откако денес на социјалните мрежи беше споделено видеото со насилството врз девојката, кое ја вознемири јавноста, од МВР потврдија дека насилниците биле уапсени.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања