Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник 2“ кои добија затворски казни од првостепениот суд, веќе ги пишуваат жалбите до Апелација.
За Алсат М велат дека, штом бидат готови, ќе ги поднесат.
Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, ачекува Апелација да ја уважи жалбата.
„Очекувавме ослободителна пресуда, а добивме правен преседан. Досега немало случај на поднесен обвинителен предлог за дело за кое е предвидена казна од 1 до 5 години, а да се изрече толку висока казна и да се прифати предлогот за притвор. При тоа се знае дека обвинетиот не е осудуван, а делото што му се става на товар е толку бенигно, рече“ Љупчо Шврговски – адвокат на Сашо Мијалков.