Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Адвокатката на Беса Адеми не очекувала да се запре постапката за претседателката на Врховен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Павлина Зефиќ-Јакимовска, адвокатка на Врховната судијка Беса Адеми, смета дека запирањето на постапката ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудството. Таа кажа дека не очекувала ваква одлука, што значи дека биле подготвени Адеми да сноси санкции меѓу кои е разрешувањето.

„Мојот впечаток е мошне позитивен, се согласувам со сите искажани ставови на членовите кои гласаа за запирање постапката. Ова е единствениот начин за да се врати довербата во правосудството и да се врати довербата во Судски совет“, рече адвокатката.

— реклама —

Адеми, со нетрпение ја чекала одлуката. На прашањето дали очекувала да се запре постапката против Адеми, адвокатката рече: „Искрено не очекував, потајно ја посакував“.

— реклама —

Беса Адеми останува претседателка на Врховен суд, како што најави „Скопје1“ во текот на вчерашниот ден. Со 7 гласови за отфрлање и 4 гласа за разрешување на Адеми, членовите на Судски совет одлучија да не ја прифатат иницијативата за нејзина одговорност.

— реклама —

Дискусијата траеше долго и имаше замерки оти Адеми не доаѓа на седници, но повеќето членови сметаа дека тоа не е причина за таа да понесе одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања