Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Адвокатот на Атанасовски: ОЈО греши што им верува на луѓе соочени со доживотен затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Advokat-Jordan-Apostolski

Адвокатот на Владимир Атанасовски кој беше приведен синоќа и однесен на распит, а ОЈО за него побара притвор, во изјава за 1ТВ рече дека одбраната ја потенцирала праксата на Европскиот суд за човекови права.

— реклама —

-Знаеме дека сите предмети до сега пратени во ЕСЧП од Македонија се изгубени, дека обвинителството треба да понуди конкретни докази и факти врз основа на кои околности ја докажуваат намерата за бегство или да се повтори делото. Се разбира, делото кое му се става на товар е дека како директор на УБК организирал група која го сторила кривичното дело. Сепак, господинот Влатко Атанасовски веќе година и пол не е директор на ДБК и доколку презел некои дејствија во овие година и пол, тој би ги презел, би се вдал во бегство и би влијаел на сведоци. Се разбира, тој тоа не го направил, така што беспредметно е барањето за притвор, рече адвокатот Јордан Апостолски.

— реклама —

Тој рече дека одбраната уште ја нема добиено наредбата за истрага и нема увид за што станува збор, освен претпоставките дека се работи за вчерашниот исказ во судот на двајца од обвинетите за упадот во Собранието на 24 април, па смета дека ОЈО прави голема грешка верувајќи им на луѓе кои се соочуваат со доживотен затвор и би кажале сѐ за да го избегнат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања