Промени тема
Контакт

Адвокатот на Ендру Тејт: Глумел дека е екстремно богат за лајкови, „играше улога“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library3eo1b207l05gbnwDCia
screenshot youtube

Ендру Тејт изнајмувал луксузни автомобили, јахти и скапи часовници за на социјалните мрежи да создаде слика дека располага со огромно богатство, тврди неговиот адвокатски тим.

Во судскиот поднесок во Мајами, адвокатите на Ендру и Тристан Тејт наведуваат дека браќата намерно се претставуваат како многу побогати отколку што навистина се, бидејќи нивниот деловен модел се потпира на вниманието што го привлекуваат на интернет.

Тие со овие тврдења се спротивставуваат на барањето за нивна екстрадиција во Велика Британија, каде што се води истрага за силување, напад и поттикнување трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Браќата беа уапсени во јули во САД и преку социјалните мрежи тврдат дека се невини.

Во поднесокот адвокатите наведуваат дека Ендру и Тристан се интернет-личности чиј деловен модел зависи од вниманието на јавноста. Според нив, колку се поскандалозни и поекстремни објавите, толку повеќе прегледи и реакции добиваат, што на крајот им носи поголема заработка.

Особено внимание во документот е посветено на фотографиите и видеата со луксузни јахти, суперавтомобили и скапи часовници што браќата ги објавувале на интернет.

— реклама —

Адвокатите тврдат дека појавувањето на некој на јахта не значи дека тој е нејзин сопственик. Како пример наведуваат дека таканаречената суперјахта прикажана во промотивно видео не им припаѓала на браќата, туку дека тие биле платени за да го промовираат пловилото на социјалните мрежи.

Во документот се наведува и дека автомобилите што се појавуваат во видеата на Тристан Тејт биле изнајмени. Станува збор, меѓу другото, за „Астон Мартин“ вреден 2,1 милион долари и автомобили „Бугати“ чија вредност се проценува на пет и седум милиони долари.

— реклама —

Адвокатите ги отфрлаат и тврдењата за огромно богатство во готовина и криптовалути, како и дел од објавите на Ендру Тејт на платформата „Икс“. Тие сметаат дека неговите тврдења за огромни приходи и најавите дека би можел да стане британски премиер претставуваат намерно претерување.

Во поднесокот се споменува и мексикански пасош на име „Владимир Скорпиус“, за кој адвокатите тврдат дека бил само реквизит што Тристан го користел за костим за Ноќта на вештерките.

Браќата Тејт, сепак, се соочуваат со сериозни правни постапки во Велика Британија и Романија. Британското обвинителство претходно потврди нови обвиненија против нив кои се однесуваат на кривични дела извршени врз четири жртви.

— реклама —

Покрај кривичната постапка, четири жени во Англија водат и граѓанска постапка против Ендру Тејт поради наводи за сексуално насилство. Неговиот адвокатски тим ги отфрла обвиненијата и тврди дека тој не е виновен.

Тејт вчера преку платформата „Икс“ порача дека ќе се бори против екстрадицијата во Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања