Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Адвокатот на Груевски земал најмногу пари од државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gruevski-1

Никола Додевски со години бил најплатениот адвокат од државните институции. Тој не само што во суд ги бранеше ВМРО-ДПМНЕ и лично поранешниот премиер Никола Груевски, туку бил и на платниот список на повеќе државни компании. Најголем ќар имал од Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, односно за три години (2016, 2017 и 2018 година) му се исплатени вкупно 272.876 евра, пренесува Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ).

Додевски бил водечкиот адвокат според исплатените суми и на државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО. Од ЕЛЕМ му се искеширани 158.000 евра за период од 6 години, а од МЕПСО за четири години наплатил 47.000 евра за адвокатски услуги, говорат податоците на ИРЛ добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

— реклама —

Од 2007 до 2018 година ЕЛЕМ или сега ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) има исплатено најмногу пари за адвокатски услуги. Вкупно 1.176.000 евра, од кои 461.000 евра на домашни адвокати. Од нив една третина или 158.000 евра зел Никола Додевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања