Адвокатот на Јанева кажа зошто таа се соблекла во знак на протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
katica-janeva

Катица Јанева била приморана да биде однесена на работен состанок во Државниот завод за ревизија каде присуствувал и јавен обвинител, а не се знае по кој основ, вели нејзиниот бранител, Дељо Кадиев за „А1он“. Тој вели дека Јанева не добила покана, а судот издал наредба за спровод, со тоа, со сила била однесена во Заводот за ревизија, иако според законот, таа можела, но не морала да присуствува на презентацијата на ревизорскиот извештај за СЈО. Кадиев вели дека на Јанева не и било дозволено ниту да повика адвокати во Државниот завод за ревизија, а одбиена била и кога побарала да се повика народниот правобранител.

— реклама —

„Катица Јанева била спроведена на работен состанок, така и е кажано, во ДЗР за презентирање на извештајот на државниот ревизор. Штом е таа спроведена за такво нешто, тоа е противзаконско. Тоа е управна постапка, презентирање на извештај на Државен ревизор. Присуството таму е по нејзина волја, ако сака да присуствува тоа може да го направи, ако не, не е нејзина обврска. Наместо тоа, судијата издава наредба за спровод. Спроведена е од полицијата, а таму присуствувал јавен обвинител. Ако се презентира извештај, нема простор за јавен обвинител. На Катица Јанева не и било овозможено да повика адвокати и народен правобранител за заштита на нејзините права бидејќи сакала тоа да го стори. Во чин на револт го направила тоа и била повикана Брза помош. Нејзе и било кажано дека мора да биде спроведена таму. Била уплашена и вознемирена. Најголем изнервирала кога видела јавен обвинител таму“, вели Кадиев за „А1он“.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања