Адвокатот на Јовановски откри детали за неговата здравствена состобја, Боки 13 спасен од сепса!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boki

Само што бил донесен од затвор во старата градска болница, Бојан Јовановски веднаш бил ставен на програм за операција, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски за „А1он“, кој вели дека неговиот клиент бил донесен со страшни болки.

— реклама —

Јовановски сега е на интензивна нега. Дуковски вели дека не е точна информација дека Јовановски имал запаление на желудникот, а операцијата му била направена бидејќи имал дупка во желудникот, па му била испумпувана течност од стомачната шуплина.

„Мене ми јавија дека тој бил донесен во старата градска болница, а мојата канцеларија е преку улица. Отидов да видам што се случува, а Бојан викаше во чекална, урлаше. Имаше страшни болки. Сега е опериран. Јас не можам да ви кажам детални информации, но ќе ви пренесам што лекарот им кажал на семејството. Констатирано е дека има дупка во желудник, а дали му прснал чир или нешто, не знам. Од прснатиот желудник, течноста му се слевала во стомакот. Да не бил вчера опериран, ќе настанела сепса. Лекарот рекол дека ако не се оперира, вака може да живее уште осум саати“, вели Дуковски. Во затворот пак, пред да биде пренесен во болница, двапати била повикана Брза помош.

— реклама —

извор: А1 ОН

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања