Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Адвокатот Туфегџиќ по куќниот притвор на Груби повика на еднаков третман за „големиот политичар“ и „обичниот човек“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryf8sgtf5044l93uv5tUY

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше по вчерашниот развој на настаните поврзани со Артан Груби, оценувајќи дека случајот повторно го отвора прашањето за сензационализмот и „билдањето“ на јавниот амбиент за исход што, според него, бил извесен.

— реклама —

„Денешниот настан со Артан Груби прво го отвора прашањето дали како луѓе конечно ќе научиме нешто за сензационализмот, непотребното билдање и загревање на амбиентот за нешто што е извесно како бел ден дека ќе се случи и како меур спласнува на крајот на денот“, наведува Туфегџиќ.

— реклама —

Тој посочува дека ќе поддржи државен јавен обвинител кој ќе создаде праведен амбиент и ред што ќе важи подеднакво и за „големиот политичар во бегство“ и за „обичниот смртник кој, и да сака, нема каде да бега“.

Според адвокатот, праведен ред подразбира јавен обвинител кој нема да прави разлика меѓу политички моќници и граѓани без влијание.

— реклама —

„Праведен ред кој значи дека јавен обвинител не ја собира опашката брзајќи политичарот кој бил во бегство да не биде притворен, а истовремено истиот на малиот човек му покажува сила и мускули“, наведува Туфегџиќ, додавајќи дека додека не се воспостави таков принцип, надежта за суштински промени останува неизвесна.

Изјавата следува откако Кривичниот суд одреди куќен притвор за Груби, со 24-часовен надзор и одземање на патната исправа, по предлог на обвинителството и одбраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Скандал со дипломи и наводни закани кон сведок: Туфегџиќ бара одговори од МОН

Коментари | пред 2 дена

— реклама —
media-library2v26j2tv6tku5oaxWlH

„Новиот притвор на Деко нема да ги смени работите“: Туфегџиќ вели дека судењето за „Пулс“ ќе биде долг и болен процес, предлага раздвојување на постапката

Коментари | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Туфегџиќ по укинувањето на пресудите за „Ласкарци“ и Јакимовски: Дали пониските судови се впуштаат во правен егзибиционизам за осудителна пресуда по секоја цена?

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Агонијата со изборот на судија во Стразбур продолжува, Комисијата да размисли за оставка, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања