Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Адвокатска канцеларија „Ристова“: Насилството во училиштата не смее да се премолчува, наставниците може да добијат отказ, директорите да бидат разрешени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Насилството врз учениците во основните училишта е забрането, без оглед на тоа дали го врши друг ученик, наставник, вработен во училиштето или родител. На законските обврски и одговорности при вакви случаи потсети адвокатската канцеларија „Ристова“.

— реклама —

Според објавеното, доколку ученик претрпи физичко насилство од наставник или друг вработен во училиштето, против сторителот се поведува дисциплинска постапка, а повредата на работните обврски може да биде основ за отказ.

— реклама —

Кога насилството го врши друг ученик, против него се поведува постапка за изрекување педагошка мерка. Доколку, пак, напаѓачот е родител на ученик, директорот е должен веднаш да го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи и Центарот за социјална работа.

— реклама —

Од канцеларијата посочуваат дека одговорност има и наставникот кој не ги извршува работните задачи за спречување напад или не интервенира за време на насилството. Во таков случај може да биде поведена дисциплинска постапка за потешка повреда на работните обврски, што може да доведе до престанок на работниот однос.

— реклама —

Посебна одговорност има и директорот на училиштето, кој е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување на ученик до надлежните институции. Доколку знаел дека може да се случи напад, а не презел мерки или не го пријавил случајот, против него може да биде поведена постапка за разрешување од директорската функција.

media-librarys128e9hmh4dd8xRQHbS

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања