Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Аџиоски: Власта преку Коридорите 8 и 10д ќе испумпа 200 до 300 милиони евра во приватни џебови, наместо да ги решава проблемите на локалното население

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mirce-Adzioski-13.05.2023

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски ги посети населените места Велестово, Рача, Трпејца и Рамне во охридскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Тој посочи дека од средбите со граѓаните веднаш се забележува незадоволството од централната власт, бидејќи истата го направи животот неподнослив.

— реклама —

„Цените на основните прехранбени продукти, на струјата, на горивата се неколку пати зголемени, а со тоа се удира по стандардот на граѓаните. Единствена светла точка во овие населени места е локалната самоуправа која во рамки на своите надлежности и можности ги решава проблемите на луѓето од населените места“, рече Аџиоски.

— реклама —

Тој додаде во Трпејца населението веднаш го истакна проблемот со канализацијата и неможноста за приклучување на колекторскиот систем.

— реклама —

„Редно е да се приклучат и Трпејца и Љубаништа и да се комплетира охридскиот дел од колекторскиот систем. За ова неопходна е централната власт. А од овие на власт гледаме само криминал, корупција и сега со автопатите гледаме дека сакаат да испумпаат народни пари. Сакаат да испумпаат 200 до 300 милиони евра кои ќе завршат на приватни сметки, а со овие пари може да се решат низа на проблеми на локалното население“, рече Аџиоски.

— реклама —

Аџиоски истакна дека токму поради проблемите на локалното население, а за кои централната власт има игнорантски однос потребни се избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања