Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

АЕК го подготвува тендерот за 5г до крајот на годинава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
aek-logo-696x366

Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски комуникации во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата.

Сашо Димитријовски, директор на АЕК, во интервју за МИА вели дека досега сите чекори се спроведуваат согласно динамиката предвидена со Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), усвоен од Владата во април минатата година.

— реклама —

– Сите пристигнати мислења ќе бидат разгледани од стручните служби во AEK и ќе бидат соодветно имплементирани во законската постапка, која е предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции. Согласно НОБП, тендерската постапка се очекува да започне до крајот на 2020 година. Ќе се сублимираат пристигнатите мислења и заедно со постојната регулатива во Македонија, која е на иста линија со европската, ќе се пропишат условите што ќе бидат наведени како барања, кои операторите што ќе добијат одобренија ќе треба да ги исполнат, појаснува Димитријоски.

До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31 октомври годинава за опсегот 3.6-3.7 Mhz.

— реклама —

Димитријоски во интервјуто за МИА,кое во целост ќе биде објавено утре, говори и за сомнежите и стравувањата што во јавноста се појавија во врска со 5Г технологијата и нејзиното поврзување на коронавирусот, за обемот на интернет-сообраќајот изминатиот период додека земјата се правува со Ковид-19, за квалитетот на услугите и брзината на интернетот, но и за мрежната покриеност во државата.

Првиот човек на АЕК во интервјуто за МИА се осврна и ефектите од примена на договорот за намалување на цените во роаминг во регионот, но и за очекувањата во сила да стапи Меморандумот со Грција за пониски цени во роаминг, кој беше потпишан минатата година.

Извор: ФОКУС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања