Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Аеродромите во Германија утре штрајкуваат, најголем хаос се очекува во Франкфурт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
avion-patnici

Работничките протести во Германија утре ќе се прошират на некои големи аеродроми, вклучувајќи го и најпрометниот во Франкфурт, откако синдикатот Верди повика на штрајк на персоналот за обезбедување на аеродромите за да се зголеми притисокот врз германската влада за време на преговорите за платите.

— реклама —

„Безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе бидат затворени и затоа патниците нема да можат да се качуваат на летовите од Франкфурт“, се вели во соопштението на операторот на аеродромот во Франкфурт, Фрапорт.

— реклама —
— реклама —

Сите патници кои сакаа да летаат од аеродромот во Франкфурт утре ќе мора да ги променат своите планови, пренесува Ројтерс. Портпаролот на аеродромот Берлин-Бранденбург изјави дека сите летови кои полетуваат за утре се откажани, но дека состојбата на аеродромот во Берлин ќе се нормализира во петок.

„Сите 126 летови кои полетуваат во четврток ќе бидат откажани или ќе се вршат без патници“, соопштија од аеродромот во Хамбург, додавајќи дека утре треба да се очекуваат одложувања и откажувања на дојдовните летови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања