Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Африканската свинска чума сега засега пред македонската граница, ќе стане ли таму? АХВ со засилени контроли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
svinska-cuma

Африканската свинска чума се приближува до македонската граница. Откако, во соседна Бугарија се појави ново жариште на болеста во областа Русе, Агенцијата за храна и ветеринарство ги подигна мерките на безбедност. . Оваа болест не е опасна за човекот, но е смртоносна за стоката и каде ќе се појави животните мора да бидат уништени.

Со цел заштита од внесување на вирусот во земјава, АХВ презема повеќе мерки, но и едукативни активности за одгледувачите на свињи. Постојано се проверува и контролира биобезбедноста на фармите, а домаќинствата кои одгледуваат свињи не смеат да ги пуштаат на отворено. Се врши и мониторинг на присуство на чумата кај дивите свињи, бидејќи тие се најчестите преносители на болеста.

— реклама —

Од АХВ апелираат граѓаните да не внесуваат храна од животинско потекло во земјава.

— реклама —

Африканската свинска чума се појавила во 2007 година во Казахстан, а во моментов е присутна во Бугарија, Романија, Унгарија и други држави од Источна Европа. Болеста предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството, не се лекува и не постои вакцина за заштита.

Инаку во Бугарија досега се откриени 19 случаи на свинска чума на фармите. Сите свињи на овие фарми ќе бидат заклани.

— реклама —

Експертите велат дека поради епидемијата на високо заразната болест би можеле да настрадаат околу 500.000 свињи.

— реклама —

Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања