Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Агенција за разузнавање го осуди исказот на Нинџа: Ако ова продолжи може да се креира нова безбедносна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
27-april

Агенцијата за разузнавање отфрла било каква вмешаност во незаконски активности и потенцира дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.

— реклама —

-Во последните неколку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање. Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности, се вели во денешното соопштение од АР.

— реклама —

За сите минати безбедносни настани, посочуваат оттаму, Агенцијата остварува тесна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

-Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог. Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата, се посочува во соопштението.

Агенцијата, се додава во него, ја поддржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелираме дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања