Агитирање, поткуп, закани - што се е пријавувано во МВР и како е постапено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-31-at-20.04.54

„Дозволете ми на почетокот да го изразам моето задоволство од тоа како протече денешниот изборен ден, од вториот круг од овие локални избори, но и од тоа како во целост минаа Локалните избори 2021 – во мирна и фер атмосфера, со положен демократски испит на зрелоста на нашата земја. А за тоа искрени честитки заслужуваат граѓаните, кои покажаа дека знаат што е демократија, дека демократијата не е нешто што се случува само за време на избори, но изборите се показател до каде сме стигнале во тој континуиран процес на градење. Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи“, кажа министерот Оливер Спасовски на МВР.

— реклама —

„До 19.00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 31,7 %, во споредба со изборите во јули 2020 година. Во вториов круг се регистрирани 114 пријавени настани, од кои најголемо намалување од 67% е забележано кај пријавените поткупи. Најголемиот број пријавени настани се на подрачје на СВР Штип - 50, 32 настани на СВР Куманово, 12 на СВР Битола, шест на СВР Скопје, пет на СВР Струмица, пет на СВР Тетово, три на СВР Охрид и еден настан на подрачје на СВР Велес.

— реклама —

Најголемиот број на настани се однесуваат на: агитирање на гласачи - 83 настани, од кои 14 се отфрлени како неосновани, а по другите пријави се постапува. Притоа, во овој сегмент влегуваат и пријави за превезување на гласачи, вршење притисок/влијание на гласачи, носење на лични карти на гласачи, телефонски јавувања и др. изборен поткуп – 10 настани, од кои три се веќе отфрлени како неосновани, а за останатите се преземаат мерки за расчистување, вербални закани –три пријавени настани, злоупотреба на лични податоци - два пријавени настани,

— реклама —

загрозување на сигурноста – два настани, од кои еден отфрлен како неоснован, додека за другиот се постапува, групирање на лица во близина на гласачко место- два настани, од кои еден отфрлен, а за другиот преземаме мерки за негово расчистување. Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега, но би сакал да ги споменам двете пријавени кривични дела, и тоа уништување на изборен материјал на подрачјето на ОВР Кичево, за што против лицето кое е приведено ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување изборен материјал“ и повреда на тајноста на гласањето на подрачјето на ОВР Кочани за што ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето““, кажа тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања