Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izbori-makedonija-Copy

Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни, претседателски избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Доколку антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски се уверени дека ја уживаат подршката на граѓаните и дека нивните политики се правилни, тогаш нема зошто да се плашат од организирање на избори.

— реклама —

Самиот факт што Димитар Ковачевски бега од соочување со народот покажува дека тој само се интересира за гола власт ден повеќе, и презема чекори за негација на Македонија за да се опстане на власт.

— реклама —

Антимакедонската СДС бега од избори затоа што виде каков дебакл доживеа во Тетово каде што разликата беше 2 спрема 1 во корист за ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот од Тетово ќе се преслика и на цела територија на Република Македонија.

Антимакедонската СДС и Ковачевски да покажат свесност и совесност, и да не се ставаат врз партиските приоритети или лични желби и веднаш да прифатат избори, бидејќи тие се излез од кризите кои самите ги создадоа како резултат на неспособност и незаинтересираност.

— реклама —

Тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани.

— реклама —

Македонија може и мора подобро.

Време е за промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања