Академик Ќулавкова со лекција: Во цел демократски свет Уставот е свет, кај нас е профанизиран и злопупотребен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
245846307_4950688168342178_3621803565900854679_n

Академик Катица Ќулавкова преку статус на социјалните мрежи посочува дека македонскиот национален интерес е доведен во прашање. Според неа, во цел свет, Уставот е свет, а кај нас злоупотребен. Таа го поддржа актерот Сашо Тасевски, во изминатиот период е жесток критичар на сите кои ја напаѓаат Македонија, вклучувајќи ги бугарските европратеници. Таа посочува дека Тасевски е искрен, па додава: „Ако сме слободна држава создадете услови за слободен израз на политички и национални ставови“.

— реклама —

„Храбрите луѓе, кога ги бранат идеалите со збор, придонесуваат за општо добро, за сите. Кога се нападнати поради тоа што ги бранат своите идеали, најчесто споделени од мнозинството, тие се мошне осамени. За жал, мнозинството или се плаши, или е конформистично, или имаат потреба некој да ги предводи. Голем дел од слободоумните и желни за правна држава, ред и поредок, ја напуштија Македонија. Кога слободното изразување на почит спрема националниот, културниот и јазичниот идентитет е предмет на прогон од домашните институции, тоа е знак дека е загрозен секој слободоумен човек. Тоа значи дека некој без суштински легитимитет го ревидира националниот интерес. Во Македонија очигледно македонскиот национален интерес е доведен во прашање. Државата како да е организирана систематски да ги штити штетните политики, вклучително и антимакедонизмот. Државата како да го подрива уставниот поредок оценет од ЕУ експерти 90тите години како демократски Устав според европските стандарди.

— реклама —

Во цел демократски свет Уставот е свет, кај нас е профанизиран и злопупотребен. Радикалното отфрлање на сите усвоени и традиционални вредности и идеали не дозволува слободна размена на мислење. Ги трауматизира Македонците. Не се почитуваат меѓународните конвенции и искуства. Се прогонуваат оние кои не се политички коррктни и кои се залагаат за слободна Македонија и против нејзино претворање во протекторат, сива зона, зона на самракот, зона на криминалот.

— реклама —

Апелирам да не се прогонуваат личности како #СашоТасевски. Неговата искреност во јавниот простор е гранична, но чесна и неопходна. Ако сме слободна држава создадете услови за слободен израз на политички и национални ставови. Не може да толерирате експлицитен и вулгарен говор на омраза на европратеници и конвертирани Македонци, а да прогонувате говор на љубов спрема медонскиот идентитет. Апелирам за добро на Македонија, за наше општо добро, оти неспорно е дека се случува нешто апсурдно, речиси безумно, ама со голема политичка моќ. Фуко зборуваше за државно насилство, карактеристично за колонијалниот систем, за авторитарните и нацистичките режими. До таму ли стигнавме? Се надевам дека не. Се надевам дека никој повеќе нема да биде повикан на суд затоа што се бори против дискриминација на Македонци. Почитувајте ги храбрите, не сервилните!“, напиша академик Ќулавкова

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања