Акција за бришење графити во општина Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
image00001

Општина Карпош во текот на денот спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите, соопштија од Општината.

— реклама —

Бојосувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и во наредните денови, велат од Општината и додаваат и тоа на места каде што пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница Владо Тасевски, велат од Општина Карпош.

— реклама —

„Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција со цел да се отстранат 'невкусните' пораки исцртани низ општината и да се сочува културниот и урбан лик на Карпош. Општина Карпош апелира до сите граѓани на општината да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура“, стои во соопштението на Општина Карпош.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања