„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Акција за чистење на кампусот на УКИМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ukim-1

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Почетокот на акцијата го означија директорот Абдусамед Шабани, градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ и директорката на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања, проф. д-р Бојана Наумовска.

— реклама —

„Прашањето за неправилното одлагање на отпадот во Скопје е повеќедецениско и неговото решавање бара комплексен пристап. Потребни се научни истражувања за причините за несовесното однесување на граѓаните, но и казнени мерки.“ - посочи проф.Наумова, додека градоначалникот Богдановиќ ја поздрави акцијата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и изрази надеж дека овие активности ќе резултираат со почиста животна околина.

— реклама —

„И покрај тоа што чистењето на институциите не е обврска ниту надлежност на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, наша одлука е да спроведеме вакви акции секаде каде што ќе согледаме потреба од наша интервенција. Во изминатиот период организиравме акции во повеќе образовни институции, беше исчистен дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ и заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, а денес сме на кампусот на УКИМ. Ќе продолжиме со нашите интервенции секаде каде што ќе наидеме на црни точки каде што постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања