Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Акциска контрола на Охридското Езеро: Пронајдени 20 забранети мрежи и речиси 117 килограми риба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylh59d08gbtkkcU5w3Cc

Полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при акциска контрола на езерото пронајдоа голем број забранети рибарски мрежи и значителна количина уловена риба.

— реклама —

На 1 септември, при контролите насочени кон сузбивање на незаконитиот риболов, на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда биле пронајдени 20 таканаречени висечки рибарски мрежи, кои се строго забранети за лов на риба.

— реклама —

Мрежите биле со вкупна должина од околу 4.000 метри, а во нив биле пронајдени 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.

— реклама —

По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ ги подигнале мрежите заедно со уловот, по што бил известен надлежниот инспекторат за рибарство.

Од МВР информираат дека во наредниот период Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ ќе продолжи со засилени акциски контроли, со цел спречување на незаконитиот риболов, откривање на сторителите и заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makedonija-zname-610x400-1

Дронови ќе надлетуваат кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Серија насилни инциденти во Македонија: Мајка ја нападнала ќерката со тврд предмет, ученик претепан од соученик, маж ја тепал сопругата

Македонија | пред 10 часа

media-librarya4m2v5agpe4j9xFAm3A

Возач на електричен тротинет удрил 71-годишна жена и избегал

Македонија | пред 10 часа

hitna_pomoc

Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања