Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Акциска контрола во Тетово: Санкционирани 50 возачи, уапсено едно лице и одземени мопед и тротинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Педесет санкции биле изречени за време на акциската сообраќајна контрола што ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Тетово, насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, контролата била реализирана на 5 август во периодот од 17 до 23 часот.

— реклама —

Од вкупно 50 санкции, девет се изречени за возачи на тротинети, 31 за управување мопед или мотоцикл без заштитен шлем, една за истечена полиса за осигурување, една за нерегистриран мотоцикл, една за управување без соодветна возачка категорија, една за возење под дејство на алкохол, една за друг прекршок сторен од возач на мопед или мотоцикл, три за други сообраќајни прекршоци и едно барање против правно лице.

За време на акцијата било лишено од слобода едно лице поради сомнение дека сторило кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, бидејќи управувало мопед без да поседува возачка дозвола. Мопедот му бил одземен.

— реклама —

Полициските службеници привремено одзеле и едно лесно електрично возило – тротинет, кое го управувало дете што превезувало уште едно лице.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и санкционирање на прекршителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 6 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 7 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања