Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Акциска контрола во тетовско, затекнати странски државјанки без документи, обезбедување без лиценци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
C0007.MP4.22_53_53_22.Still001

Ноќеска (05.03.2023) во Тетово и околината полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за гранични работи и миграции, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет , Единицата за службени кучиња и СВР Тетово во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти и казина.

— реклама —

При контролата, во угостителски објект во с.Жеровјане, општина Боговиње, биле затекнати 13 вработени странски државјанки без соодветни документи, еден гостин странски државјанин со нерегулиран престој и две лица како обезбедување без лиценца за обезбедување.

— реклама —

Во угостителски објект на излезот од Тетово биле приведени И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација.

Во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара" во Тетово бил приведен 37-годишниот тетовец В.Н., кој се однесувал агресивно кон полициски службеници додека преземале службени дејствија.

— реклама —

Додека, во угостителски објект на улица „ЈНА" во Тетово бил приведен 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир. Во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Република Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина.

— реклама —

Против сите лица, кои направиле прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави. При контролата, исто така, од УЈП, ДПИ и ДИТ во повеќе објекти биле констатирани повеќе неправилности за што од нивна страна биле изречени соодветни санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања