Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Акику: Тоа што му е зет на Невзат Бејта не му помогнало да стане директор на АЕК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20230813095614

Јетон Акику, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, во денешното интервју за РСЕ вели дека тоа што му е зет на поранешниот функционер на ДУИ, Невзат Бејта, не било пресудно да стане прв човек на ова регулаторно тело.

— реклама —

- Директор не станав со унапредување, имаше оглас на кој што конкурирав. Двајца конкуриравме, во тој оглас комисијата која што е надлежна за избор на директор одлучи јас да бидам директор, гласи објаснувањето на Акику.

— реклама —

Тој на оваа позиција дошол како претходен раководител на финансиското одделение во АЕК, а за неговата политичка позадина вели дека „таа не би требало да игра никаква улога и дека не верува дека има врска со тоа“.

— реклама —

Десетина вработени од 120 во АЕК се сопруги на поранешни и актуелни функционери и политички фаци како Кирил Божиновски, Мартин Протуѓер, Бујар Османи, Латас, ќерката на поранешен претседател на Уставен суд, како и син на поранешната директорка на здравствен инспекторат.

— реклама —

- Тие вработувања се постари што ги спомнуваш, не можам да кажам, ама во принцип вработувањето, по мое знаење, нити еден не е вработен со прекршување на било која од законските процедури, вели првиот човек на АЕК и додава дека „сепак сме мала држава и дека најверојатно во секоја институција би имал некој вработен што има некоја релација со некој функционер“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања