Промени тема
Контакт

Ако државата има стокови резерви на пченица, зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pcenica

Ако државата има доволно стокови резерви на пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата тврди дека во државата има доволно стокови резерви на пченица, но ништо не преземаа за да го докажат тоа.

— реклама —

Наспроти тврдењата на владата, излезе претседателот на Србија, и кажа дека ќе одвои 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. И дека тоа било на барање на владата од Македонија.

Откако излезе оваа изјава СДСМ излезе со конфузни ставови, од има пченица, до нема, па се до, ако сакаат нека дадат.

— реклама —

Владата е целосно неодговорна и во очи на светска криза се однесува како маркет пред ликвидација.

— реклама —

Владата да преземе веднаш мерки и са пушти пченица во оптек доколку ја има, со што ќе го спречи покачувањето на цените на брашното и лебот кое веќе почна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања