„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ако газдите ви ги зголемат платите до сто евра, придонесите ќе ги плаќа државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
paridenari1

Владата планира да воведе мерка со која ќе го субвенционира зголемувањето на платите на работниците во државава. Мерката ќе важи за секое зголемување на платите во нето износ до сто евра, за што придонесите ќе ги плаќа државата.

— реклама —

Владата планира мерката да почне да се применува од први октомври оваа година. Конкретно, ако работник зема плата во нето износ од дваесет илјади денари и работодавецот одлучи да му ја зголеми за пет илјади денари нето, придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување за зголемувањето од пет илјади денари ќе ги плати државата. Работодавецот ќе плати само персонален данок на зголемувањето од пет илјади денари.

Од владејачката СДСМ сметаат дека на ваков начин ќе легализираат дел од платите што сега се исплаќаат во кеш, без притоа да трпат пензискиот и здравствениот фонд.

— реклама —

Проекциите велат дека на годишно ниво за оваа мерка ќе треба да се издвојат околу четириесет милиони евра од државниот буџет.

За последниот квартал од оваа година се планира парите да се обезбедат со ребаланс на буџетот, кој треба да се случи во наредниве недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања