Ако колевката на кошарката се САД, на фудбалот Англија, тогаш ние сме колевката на пореметеноста, вели Тасевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
saso-tasevski

Топли зборови на поддршка за кучето што закла осумгодишно дете, стигаат од многу страни. Детето било виновно. Родителите не го воспитале, па влегувало во туѓи дворови кадешто нормално е да бидеш заклан од куче кое го чува дворот. Читаш и утробата ти се крева, вели актерот Сашо Тасевски во својата објава на социјалните мрежи.

— реклама —

„Ако колевката на кошарката се САД, на фудбалот Англија, тогаш ние сме колевката на пореметеноста. Немам веќе дилеми.

— реклама —

Пореметени со тапија се на власт, одбрани од исти такви без тапија, ама исто пореметени.

— реклама —

Кога бев копиљ дедо ми чуваше шарпланинка Џина. Ѕвер. Глава ко на лав. Он ја дресираше војнички. Не смееше да афне, да не плаши луѓе. Особено деца. Мои другарчиња. Само ако иде некој ноќе во дворот, ќе најави, онака кратко придушено: Уфф! Паметна ко шахист. Ме сакаше ептен.

Нејсе, еднаш влезе другарче во двор, десетгодишно, ко стопати претходно. Џина го знаеше. Он играл со неа, ја галел и претходно. Од чиста мира го касна над зглобот.

Не беше тоа некоја многу страшна рана но обилно крвареше. Малиов писна, дотрча дедо ми, во кола малиов и јас и во болница.

После пепел во лицето, го однесе дома. Му беше срам и му беше тешко пред неговите родители, баба му и дедо му кои добро ги познаваше

Сабајлето ја зеде Џина, ја однесе негде и застрела со пиштолот.

Ме лажеше дека ја однел во бачило. По еден месец ми кажа баба ми. Го прашав зошто?

Ми рече: НЕ смееше да афне на дете, а не да касне. Следниот пат ќе убиеше. Нешто во главата и се претумбало. Морав. Заслужи“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања