Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш може да носи погрешни одлуки, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski

Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен рок, или е точна дијагнозата за негова трајна неспособност, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Дезертерот Ковачевски со самиот факт што даваше контрадикторни изјави за овој скандал, отвори многу сомнежи. Јавноста слушна две верзии за неговото дезертерство, еднаш дека поради школување не служел војска, друг пат дека не служел војска поради хируршки интервенции.

— реклама —
— реклама —

Официјалната тапија пак вели дека има лекарско оправдание за трајна неспособност. Оттука доколку е се преставил како трајно неспособен за служење војска ќе треба ИТНО да се испита неговата деловна способност да врши премиерска функција. Се плашиме дека доколку има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш дезертерот Ковачевски може да донесе некоја погрешна одлука, да потпише погрешен документ или да има проблеми со расудувањето. Стравуваме дека токму трајната неспособност на премиерот е причината за апсолутната неспособност на владата поради која се наоѓаме во невидена енергетска и економска катастрофа. Сето ова ќе се разјасни доколку Судот покрене постапка за утврдување и евентуално одземање на деловната способност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања