Промени тема
Контакт

Ако Мицкоски знаел за сите криминални активности, злоупотреби на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-1

Мицкоски со денови молчи откако неговиот шеф и ментор Никола Груевски се најде на црната листа на САД за сторените очигледни и судски потврдени криминали, вели СДСМ

„На црната листа е и компанијата на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности.

Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како нов доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник, по објавата на црната листа, по замрзнатиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

— реклама —

Христијан Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминални дејствија му бил десна рака и советник на Груевски.

— реклама —

Доколку Мицкоски знаел за сите криминални активности, злоупотреби на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел?

Целата јавност ги слушна признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела.

— реклама —

Денес голем дел од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството и пратеничката група.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања