Промени тема
Контакт

Ако на Ковачевски му е незгодно да донесе одлука, ќе разговараме со тие кои ги креираат политиките во СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja

ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет предлози до власта на СДСМ и ДУИ со цел да се изнајде решение за кризите во кои се наоѓа Македонија.

„Тоа содржи формирање на четири тима од експерти во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат про боно за изнаоѓање на решенија за проблемите кои ги тиштат граѓаните, проблеми кои во голема мера се предизвикани од неодговорните и непромислените политики на оваа власт или од нивната неспособност и аматеризам. Оттука произлегува и потребата за утврдување на датум за што поскоро предвремени избори како излез од низата кризи во кои западна Македонија.

— реклама —
— реклама —

Доколку Ковачевски не е тој кој што носи вакви одлуки во СДСМ и му е незгодно да понесе одговорност, тогаш подготвени сме да разговараме со тие кои ги креираат политиките во СДСМ било тоа да е Заев или Шекеринска.

— реклама —

СДСМ треба да се издигне над ситуацијата и да ги стави интересите на граѓаните во овие тешки времиња, над тесно партиските и лични интереси на раководството кое по секоја цена сака да се задржи во своите фотелји“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања