Ако не им се работи 60 часа неделно ќе увеземе работници од странство, вели Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
grubi-4

Договорот потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите е државна тајна, и како таков не може да биде објавен, изјави вицепремирот, Артан Груби, на брифинг со новинарите. Конзорциумот е тој што барал договорот да биде класифициран. Но доставен му е сепак на Јавното обвинителство, кој треба да ги следи работите.

— реклама —

-Тоа е секаде каде што гради овој конзорциум. Така беше и во Србија и на Блискиот исток. Тоа не е ништо чудно, рече Груби на брифингот со новинарите.

— реклама —

Пратениците јавно го побараа договорот, но Груби рече дека ниту народните избраници нема да го добијат на увид бидејќи имал бизнис тајни.

— реклама —

Објаснувајќи ги измените на Законот за работни односи со кои работната недела ќе се зголеми од 40 на 60 часа за работниците кои ќе ги градат автопатите, Груби убедуваше дека е неопходно да се донесат законските измени со цел коридорите да бидат изградени и поевтино и побрзо.

-Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради повеќе време – рече Груби.

На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часа неделно кога тоа е противуставно Груби рече:

-Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила – рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања