Промени тема
Контакт

Ако не се намалеше ДДВ на 0%, ќе имаше ценовен шок, тврди владеачката гарнитура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

„Владата спречува ценовен шок на основната храна, 0% ДДВ за основните производи. Приоритет на институциите предводени од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството“, вели СДСМ.

Оттаму додаваат:

„Антикризниот пакет составен од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш почна да дава резултати.

— реклама —

Со мерката за намалување на маржите во комбинација со мерката за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, цените на основните прехранбени производи оставуваат стабилни.

— реклама —

Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.

Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.

— реклама —

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики што заштитуваат стандардот на сите граѓани и обезбедуваат економска стабилност“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања