Промени тема
Контакт

Ако Пецаков добие кривична ќе биде првиот функционер кој е гонет, иако ја почитувал изолацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
271041524_3059866371008932_6036295850592942281_n

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, не може да одговара кривично, бидејќи се изолирал веднаш откако го добил позитивниот резултат на коронавирус. Со тоа, нема никаков основ, за МВР да го гони со кривична пријава, како што објавија повеќе медиуми, а е непотврдена информација.

Според информации на „Скопје 1“, Пецаков се тестирал на празникот „Водици“ изутрината, само за да може да ја напушти државата и да оди на Водици. Немал контакт со заразен, ниту пак, имал симптоми и здравствени проблеми. Резултатите од наводен позитивен тест, ги добил доцна попладнето, по што повторно се тестирал бидејќи се сомневал и добил негативен резултат. Тоа значи дека градоначалникот не постапил спротивно на ниту една одредба од Кривичниот законик.

— реклама —

Инаку, доколку биде гонет, Пецаков ќе е првиот функционер за кого е побарана кривична одговорност поради самоизолација. Досега е познат само случај каде функционер е гонет за непочитување на изолација, а тоа е градоначалникот Максим Димитриевски. Но, кривичната пријава беше отфрлена од Обвинителството. Заеднички за двата случаи, кај Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски од СДСМ е што обвинуваа дека имаат политичка позадина. За потсетување, Димитриевски ја напушти партијата откако сопартијците отворија фронт против него, особено во моментите кога се тврдеше дека го загрозил туѓото здравје откако бил заразен со корона.

— реклама —

Инаку, по добивањето на позитивниот резултат за корона тестирањето, Пецаков веднаш се изолирал и немал никакви контакти. Тој се сомневал во релевантноста на тестот, го повторил, па бил негативен. Но и по овој резултат, останал во изолација, бидејќи надлжените не му го укинале решението.

— реклама —

Важно е да се напомене дека има разлика помеѓу изолација и самоизолација. Во изолација, сите позитивни одат со решение од ДСЗИ, а нејзиното непочитување е кривично дело. Самоизолацијата, претставува прекршочно дело со парична казна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања