Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка, мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
435559788_999709851512079_6218732718296840654_n

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори.

— реклама —

Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна:

— реклама —

"Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!"

Ванковска пред Карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав.

"Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности!"

"Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!"

На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидатите на Левица за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот "Обединети нации" - симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања