Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ако сакаш да си претседател на Македонија, пријави се на огласите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Рокот за пријавување на кандидати за претседател на државата на огласот на СДСМ е 19 февруари. На огласот на ВМРО-ДПММЕ до 1 февруари се пријавиле 9 кандидати, а денеска се очекува партијата да ги соопшти и имињата. Најаваено е дека опозициската партија ќе го избере кандидатот на 1 март на конвенција во Струга, а СДСМ на 3 март на партиски конгрес.

— реклама —

СДСМ во огласот бара кандидати кој „ужива доверба кај членството и симпатизерите на партијата, личност која на најдобар начин ќе ја отелотвори политиката на СДСМ и ќе работи на остварување стратешки приоритети за Македонија - членството во ЕУ и НАТО и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија“.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ уште претходно најави дека денеска ќе ги објави имињата на пријавените кандидати. Неофицијално, на конкурсот досега се пријавиле Гордана Силјановска, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, а се споменуваат и имињата на Саво Климовски, Коце Трајановски, Игор Дурловски... Претходно беше најавено дека конвенцијата ќе се одржи на 16 февруари, а Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека е одлучено конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија да се одржи на 1 март.

По пропаѓањето на договорот за консензуален кандидат и други партии најавуваат свои кандидатури - ДУИ заедно со Беса, Либерално-демократската партија, Алијансата за Албанците, пратеникот Амди Бајрам најави кандидатура...

— реклама —

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека претседателските избори ќе ги распише најдоцна до 8 февруари, а тоа значи дека првиот круг на претседателски избори би се одржал кон крајот на април, а вториот круг, ако биде потребен, на почетокот на мај.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања