Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ако се будите со овие три симптоми, посетете лекар што е можно побрзо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
dijabetes

Три вообичаени симптоми што се појавуваат веднаш по будењето можат да бидат рани предупредувачки знаци за дијабетес тип 2, предупредува фармацевтот Абас Канани. Според него, многу луѓе ги занемаруваат овие симптоми бидејќи не создаваат чувство на сериозна болест.

— реклама —

Како што изјавил за британскиот „Експрес“, најчестите утрински симптоми се засилена жед, постојано чувство на глад и потреба за почесто мокрење.

Прекумерната жед, позната како полидипсија, е еден од првите знаци на дијабетес. Иако е нормално повремено да чувствуваме жед, постојаната и невообичаено силна жед, дури и по внесување течности, може да биде причина за загриженост.

— реклама —

Вториот симптом е полифагија, односно прекумерна глад. Кај дијабетес тип 2 организмот потешко ја користи енергијата од храната, што може да предизвика постојано чувство на глад.

— реклама —

Третиот знак е полиурија – потреба за почесто мокрење од вообичаено.

Британскиот Национален здравствен систем (NHS) наведува и други можни симптоми, како што се изразен замор, ненамерно губење телесна тежина, заматен вид и бавно зараснување на рани и исеченици. Може да се појават и чести габични инфекции или чешање во интимната регија.

— реклама —

Доколку забележите некој од овие симптоми, лекарите препорачуваат што поскоро да се обратите кај матичен лекар. Едноставен тест на крвта може да потврди или да ја исклучи дијагнозата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dijabetes

Докторка предупредува: Ова се суптилните симптоми на дијабетес што многумина ги игнорираат

Магазин | пред 2 седмици

dijabetes

Се алармира за сериозен недостиг на антидијабетни лекови и помагала во Македонија

Македонија | пред 3 месеци

krv-karpos-3

Лицата со крвна група Б имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2

Магазин | пред 3 месеци

dijabetes

Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања