Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првиот пресек во 9.30 часот.
Од ДИК е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори. Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита Даштевски:
„Почитувани,
ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.