Ако вашите апликации работат бавно, обидете се со овој едноставен трик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
aplikacii-telefon

Меморијата на телефонот со Android може да се пополни многу брзо, додека апликациите често создаваат привремени датотеки. Привремените податоци се нарекуваат кеш (cache) и можете да ги исчистите ако забележите дека телефонот забавил.

— реклама —

Телефонот користи привремени податоци, складирани во датотеки и ги запомнува секогаш кога ќе ја отворите апликацијата. На пример, Chrome зачувува големи фотографии од некои посетени страници за да не мора повторно да ги вчитува кога ќе ги посетите.

— реклама —

Кеш меморијата е корисна само во програмата за која е креирана – така на пример Instagram нема да ја користи кеш меморијата на апликацијата Spotify, која ја зачувала листата на песни што сте ги слушале и слично.

— реклама —

Кога апликацијата ќе одлучи дека зачуваните податоци повеќе не се корисни, ќе ги отфрли нив и придружните податоци од кешот заедно со нив.

Како да го исчистите кешот на Андроид?

Современите верзии на Android овозможуваат чистење на кешот за поединечни апликации. „Корумпираниот“ кеш обично значи дека апликацијата нема да работи правилно.

Еве како да го исчистите кешот на Андроид:

* Отворете Settings и изберете Storage.

* Other Apps ќе ве одведат до списокот со апликации инсталирани на вашиот телефон.

* Изберете ја апликацијата чиј кеш сакате да го исчистите.

* На страницата со информации за апликацијата, изберете ја опцијата Clear Cache.

Ако ја изберете опцијата Clear Storage, ќе ги избришете сите податоци што ги користи апликацијата – ќе ја добиете верзијата што ја имавте кога првпат ја инсталиравте апликацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања