Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ако владата произведеше доволно струја немаше да има поскапување во јули, а за во јануари немаше да стане збор, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evn-ptici-struen1

Ако владата не правеше криминал и произведеше доволно струја немаше да има поскапување во јули, а за во јануари немаше да стане збор, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Народот плаќа скапа струја затоа што владата не произведува доволно. ЕЛЕМ како произведувач на струја за универзалниот снабдувач не може во целост да обезбеди ефтина струја. РЕК Битола работи со половина капацитет, исто и Осломеј, доколку овие две електрани беа во целосен погон и правилно се димензионира работата на хидроакумулациите немаше да дојде воопшто до покачување на цената на струјата за домаќинствата.

— реклама —

Што се однесува до стопанството, доколку ТЕЦ Неготино работеше со полн капацитет, бизнисот ќе штедеше и до 1 милион евра дневно, и наместо да увезува скапа струја ќе имаше струја по трократно пониска цена од таа што ја увезува.

— реклама —

Но наместо да го димензионира производството за да им помогне на домаќинствата и фирмите, владата преку ЕЛЕМ сега троши вода од акумулациите за ноќе да произведува струја како вишок и да го продава на трговци ефтино, кои потоа ја препродаваат со 60% маржа.

— реклама —

Владата или не знае да работи, или сака народот да го донесе до питачки стап. И едното и другото е показател дека е потребна нова влада час поскоро. Затоа избори се решение“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања