Промени тема
Контакт

Ако власта знаела за кризата зошто навреме не се спремила, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pcenica

Сите земји во регионот јасно и гласно кажуваат во каква состојба се стоковите резерви, само кај нас власта е со празна реторика. Затоа е загриженоста на граѓаните. Тие не и веруваат веќе на власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Патем да биде уште потрагично Стево пендаровски тврди дека уште он ноември месец знаеле што ќе се случи, па логично се поставува прашањето зошто не презеле конкретни чекори Македонија да обезбеди доволни количини од животните потреби на граѓаните.

— реклама —

Од српскиот претседател Вучиќ дознаваме дека Македонија побарала пченица и пченка и бараната количина ќе ни биде предадена. Власта невешто се правда и создава уште поголем сомнеж кај народот.

Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот?

— реклама —

Зошто државата дозволува раст на цената на лебот и дополнително осиромашување на граѓаните кои и онака плаќаат 30% поскапа струја и 70% поскапи горива во споредба со пред извесен период?

— реклама —

Владата администрирана од Ковачевски или не знае како да го спаси животниот стандард или не сака. Трето нема“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања