„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ако запаленото возило на Груби се водело на име на фирма, тогаш кој дозволил да се стават флешери и звучна сигнализација, прашува Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
flesheri

До министерот за внатрешни Спасовски: Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Какви злоупотреби и колку пати се направени со истото тоа возило?

Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вице-премиерот? Зошто не ја кажете вистината?

— реклама —

По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено?

Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата?

До кога граѓаните треба да ги трпат неизживеаните и аздисаните "функционери"?

Затоа ли Ве плаќаат граѓаните г-не Спасовски, да молчите? Или кандидатурата за претседател и поддршката од ДУИ Ви е поважна од едни "обични флешери"?

Г-не Спасовски, во цивилизирана држава за ова се поднесува оставка, затоа што Вие не сте од вчера, туку 8 години сте министер и ова мора да е со Ваше одобрение.

Вака не во ЕУ, туку во Африканска Унија нема да не примат.

Распад систем.

#Промени“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања