Актерката Силвија Стојановска која е второбвинета во случајот Колибри и првообвинетиот Воислав Будисављевиќ се изјаснија дека не се виновни по обвинението за помагање и учество во шверц на околу 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Шпанија.
Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не се поврзани со кокаинот, односно со негово купување и продавање во количина од близу 700 килограми, како што стои во обвинението.
Стојановска останува во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор, додека следното рочиште е закажано за почетокот на идниот месец. Тие немаа воведни зборови пред судот, но одговорија потврдно кога беа прашани дали го разбираат обвинението.
Актерката и нејзиниот поранешен споруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од Мадрид и барале купувачи за истата.
„За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор“, велат од Обвинителството.