Активиран армиски хеликоптер за гаснење на пожар во скопско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
helikopter-1

Пожар на отворен простор избувна на патот за селото Бродец, на местото викано Рамно во Општина Чучер Сандево информираа од Центарот за управување со кризи.

— реклама —

„Веднаш по добиената информација за голем пожар на отворен простор над селото Мирковци на патот за селото Бродец, место викано Рамно во Општина Чучер Сандево, на терен излегоа екипите на БППЗ на Град Скопје. Поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. Од 15:30 часот армиски хеликоптер веќе дејствува на пожарот. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани. Согласно процедурите на ЦУК, искоординирани се и МВР, ДЗС и Шумско стопанство Караџица“, велат од ЦУК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања